Триесет жртви во земјотресот во Јапонија, се трага по преживеани под урнатините

Повеќе од 80 земјотреси ја погодија островската држава Јапонија, додека најсилниот беше измерен со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скал

Локалните медиуми известија за најмалку триесет жртви во земјотресот што предизвика бранови од цунами и оштети голем дел од патишта во земјата.

Од силината на потресот се урнаа и поголем број згради на западниот брег на главниот јапонски остров Хоншу.

Иако Јапонија го отфрли предупредувањето за цунами од највисоко ниво, сепак им порача на жителите на крајбрежните области да не се враќаат во своите домови бидејќи сè уште може да дојдат смртоносни бранови.

Повеќе од 36.000 луѓе останаа без струја во префектурата Ишикава, а повеќе од 30 згради се урнаа во градот Ваџима.

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека Соединетите Американски Држави се подготвени да и ја пружат сета потребна помош на Јапонија.

Тој истакна дека како блиски сојузници, САД и Јапонија споделуваат длабока, пријателска врска што ги обединува двата народи.

 

telma.mk