Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо, потребен е рестарт на здравството веднаш, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
186

Власта предводена од СДС и ДУИ направи пустош во сите области, меѓу кои и во здравството.

Грижата на луѓето во власта предводена од СДС и ДУИ е сведена само на грижа за нивниот сопствен џеб и за сопствените интереси.

Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт направи пустош во здравството. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение истото го пренесуваме во целост:

Цената за негрижата на власта предводена од СДС и ДУИ ја плаќаат граѓаните. Цената за нивната негрижа која ја плаќаат граѓаните е многу висока. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд.

Токму поради сите нивни пропусти јавноста за многу краток период, период од една недела е сведок на ужасни вести.

Скршена рака на новороденче, на новороденче му е исечен прст, починува новороденче, а потоа и мајката. Ова се само неколку вести за краток период, а сите се случиле на Клиниката за гинекологија и акушерство која е во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје.

Едно е јасно, од назадување во сите сегменти во здравството, особено во јавното здравство и низа немили настани, беше доволно!

Никогаш не било полошо време е да ги поразиме!

Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е итно рестартирање на здравствениот систем!

извор: ВМРО ДПМНЕ