Пет лица загинаа во судирот на два авиони на аеродромот во Токио

0
176

Пет лица кои се наоѓале во авионот на крајбрежната стража на аеродромот „Ханеда“ во Токио, загинаа откако во нив удри патнички авион полн со патници од типот Ербас А350.

Шест лица биле во авионот на крајбрежната стража кои тргнале да даваат помош на настраданите во земјотресот, од кои пет загинале, а според првичните информации преживеал само пилотот.

Авион од компанијата „Џапан Ерлајнс“ се судри со леталото на крајбрежната стража при слетување во Токио.

Крајбрежната стража соопшти дека нивен авион требало да полета од Рокио до Нигата да испорача помош на полустровот Ното кој беше погоден од земјотресот.

Околу 400 патници од Ербасот биле безбедно евакуирани.