Грција: Двајца полски државјани приведени поради снимање во воена зона

0
124

Двајца полски државјани се приведени во Грција откако е откриено дека со дрон снимале во воена зона, пренесува Анадолу.

Според веста на грчката државна телевизија ЕРТ, двајца државјани на Полска вчера со дрон снимале во воена зона на островот Саламина.

Двајцата млади Полјаци, на возраст од 20 и 24 години, биле приведени поради „прекршување на безбедносните правила во безбедносни зони“.

Се истакнува дека се запленети фотоапаратот и мобилните телефони на лицата.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.