Тешка несреќа во Србија, загина момче, а девојка е тешко повредена, откако со возило удри во дива свиња, па во автобус

Осумнаесетгодишник загина, а тешко повредена е 17-годишна сопатничка во тешката сообраќајна несреќа која се случи денескана магистралниот пат Чачак – Пожега во Србија

Несреќата се случила кога возач на патнички автомобил прво удрил во дива свиња, а потоа во автобус кој доаѓал од спротивната насока.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

„Реното“ што учествуваше во несреќата е целосно здробено. Од болницата во Чачак, потврдија дека е примена девојката, на која состојбата ѝ е стабилна.