СДК.МК: Членови на ДУИ упаднале во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиски вработувања

Веднаш по денешната прес-конференција на претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски и по заминување на новинарите, во зградата на М-НАВ упаднале членови на ДУИ од Чаир кои по вербална расправија и закани кон контролорите на летање, физички нападнале дел од нив, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Неофицијално, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.

Инцидентот бил пријавен во полициска станица во Петровец и полиција е дојдена да врши увид и да прави распит. За инцидентот се известени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Денешната прес-конференција на Синдикатот на контролори на летање се случи откако на последните огласи за вработување на М-НАВ, педантно срочени да траат само седум дена, со викендот 10, а беше договорено најмалку две недели, за да ги видат сите професионалци и да конкурираат, експресно беа примени без селекција десетина партиски луѓе.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.