(ВИДЕО) Скопјанецот Борко Наумовски измамен од Фондот за иновации, откако парите ги инвестирал сега му ги бараат да ги врати назад – станува збор за 30 илјади евра!

Борко Наумовски, кој е познат како светски патник, изминатиов период реши да се врати во Македонија и да инвестира во нашата земја отворајќи фирма преку добиен гранд од Фондот за иновации.

Тој по одреден период, поточно во Новата година добил известување дека треба да плати казна од вртоглави 30 илјади евра поради тоа што администрацијата не функционира како што вели во нашата земја и тие не провериле дали тој има направено некакви проекти или не…

Тој целата ситуација ја објаснува во видеото кое го објави на својот Фејсбук профил:

„Си добив честитка за Нова Година од -30.000 евра од иновативниот фонд за сопки на мали бизниси 🥳 ајде нека ми е со среќа дуплирање на моите долгови за проект/производ кој веќе се продава (е реализиран) а нив ги мрзи да го проверат🧐 и тврдат дека не сум го реализирал 🫣 😡🫣 Ве замолувам погледнете, изреагирајте, споделете го видеово 🙏 Сериозна е работава и ми треба ФБ поддршка!!!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.