Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ уживаат во божиќните празници кои ги користат за да го зближат своето големо семејство.
Заедно го чекаат најрадосниот христијански празник, а за Бадник подготвуваат богата посна трпеза.Синот Виктор Живојиновиќ реши да сподели дел од таа интимна атмосфера со своите следбеници на социјалните мрежи.
На нивната богата трпеза се најдоа разни посни специјалитети како грав и риба.