Груби во емисија провери телефонски дека еден од осомничените за тепачката во М-НАВ е дома

Груби во емисијата на „Телевизија 24“ телефонски го побара Омер Буњаку, кој во медиумите се посочува како еден од напаѓачите, за јавноста, како што наведе, да се увери дека тој е дома и дека обвинителството може да го најде во секое време. Буњаку во телефонскиот разговор рече дека сите кои тврделе дека учествувал во инцидентот во М-НАВ ќе ги тужи и побара јавно извинување.

– Омер Буњаку е дома. Тој ниту бил таму, ниту учествувал во тепачката, ниту е вработен таму. Го демантираше тоа јавно, веста не се провери, туку се пумпа со лажни вести. Сето ова се прави да се поврзе инцидентот со ДУИ. Ова е резултат на хистеријата, рече Груби

 

republika.mk