Татко од Македонија си го убил 10-годишниот син во Шведска! Од МНР за Фокус велат дека од нашата амбасада очекуваат информации

Медиумите во Шведска деновиве известуваат за трагедијата која се случила на осми јануари во апартман во областа Розенлунд. Како што пренесуваат, татко се обидел да го убие 10-годишниот син во семејниот апартман, а потоа повикал полиција.

Мажот бил сам во домот со своето дете и го чувал, кога го извршил делото. Потоа, според пишувањата на бројните шведски медиуми, во полиција тој кажал дека подолг период му доаѓале мисли да го убие синот.

Веста за настанот е објавена и во полицискиот билтен на Шведска.

– Полицијата е повикана во областа Розенлунд во 10.55 часот со информација за многу тешко повредено лице во стан. Кога полициските патроли пристигнале во станот, затекнале малолетно момче со повреди опасни по живот и возрасен маж.

Момчето со хеликоптер на брза помош било пренесено во болница додека му биле извршувани мерки за одржување во живот, но сепак неговиот живот не можеше да се спаси.

Убиеното момче било нивно единствено дете. Се објавуваат и фотографии од семејството.

Од Министерството за надворешни работи за ФОКУС.МК изјавија дека ги контактирале надлежните институции и нашата Амбасада во Шведска, од каде очекуваат повратни информации во врска со случајот.

 

Текстот во целост на: ФОКУС.МК