Осум американски туристи починале под сомнителни околности во период од два месеци – користеле користеле апликации за запознавање

Американските граѓани кои патуваат во Колумбија се предупредуваат да не користат апликации за запознавање во земјата по „сомнителната смрт“ на осум американски туристи во период од два месеци.

Амбасадата на САД во Богота соопшти дека некои од жртвите биле дрогирани и ограбени откако се сретнале со луѓе од овие апликации, пренесува Би-Би-Си.

Инцидентите често се случуваат во градовите како Меделин, Картагена и Богота, каде има многу туристи од САД.

На патниците им се препорачува да избегнуваат изолирани локации како хотелски соби.