Почна новата ерупција на вулканот во југозападниот дел на Исланд, во близина на градот Гриндавик, соопшти Метеоролошката служба на таа земја, на чиј полуостров Рејкјанес има пет вулкански ерупции од 2021 година, објави исландскиот јавен сервис РУВ.
Населението на Гриндавик од околу 4. 000 луѓе претходно беше евакуирано поради значителна сеизмичка и магма активност, а цивилната одбрана го подигна нивото на опасност во областа.
Во близина на Гриндавик има и туристичка атракција, геотермалната бања „Блу Лагун“ (Blue Lagoon), каде исто така е евакуиран хотелот.
Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес почна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Свартсенги, по целосната евакуација на Гриндавик и затворањето на Сината лагуна.
Гриндавик беше поштеден од штета за време на последната ерупција во декември, бидејќи лавата течеше во друга насока, заобиколувајќи го градот.
Извор: МИА