Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Биљана Ивановска вели дека новиот состав на ДКСК треба да продолжи со јакнење на капацитетите на инситутицијата и да се довршат започнатите проекти. Таа рече дека со огромен број од функционерите и институциите имаат добра соработка но има и такви кои плаќаат казни и пак не ги доставуваат податоците за имотната состојба.
– “ Плаќале казна, прекршочен платен налог и повторно не доставува документи. За да не заборавиме некого градиме список и на последната седница на ДКСК ќе го објавиме на нашата веб страница. Ќе биде интересно за медиумите кои се тие институции, но и носители на функции кои платиле казна и повторно не доставиле анкетен лист или документи што сме ги барале“, рече претседателката на ДКСК.
Го спомена случајот и со “Бехтел и Енка“ каде преку специјален закон се овозможи изградба на автопатишта низ Македонија. Таа посочи дека Уставниот суд ја отфрлил таа иницијатива.
skopjeinfo.mk