Муцунски: Џабе сте се сликале за пасош? Во моментот МВР нема направено набавка на обрасци

Ако целокупната состојба ја сумираме со зборот срамно е преблага за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извади нов личен документ, при обидот да извади нова патна исправа, односно при обидот за нормално вршење на секојдневните услуги од државата, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градиначалник на Општина Аеродром, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на промената на личните документи на граѓаните, мешаниците на шалтерите за нивно подигнување и јавните препукувања на високи политички претставници.

Излегува претседателот на државата и вели ова е срамно. Апсолутно се согласувам со него. Целосно е во право претседателот Пендаровски. Премиерот потоа вели дека очекува претседателот да се слушне со претседателката на Грција. Претседателот потоа го возвраќа ударот кон премиерот, заборавајќи дека тоа е една иста извршна власт која што треба да комуницира и да ги решава работите и рече дека тоа е обврска на премиерот да ја реши. Премиерот неколку пати јавно изјавува дека треба да се разгледа решение, за министерот за надворешни работи денеска да каже дека проблемот е нерешлив. Ова се луѓето кои што имаат обврска, законски и уставни надлежности да решаваат ваков тип на предизвици кога истите постојат во системот, истакна Муцунски.Очигледно е, додава Муцунски, дека нема комуникација меѓу претседател на држава, претседател на влада и министер за надворешни работи.

Десет дена од сите тројца слушаме различни изјави, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека во моментот МВР нема направено набавка на обрасци укажувајќи дека граѓаните и покрај тоа што се сликале за нови патни исправи нема да може да им се издадат новите патни исправи.

Проблемот е што во моментот МВР нема направено соодветна набавка и ние можеме да бидеме во ситуација во следните неколку месеци да имаме луѓе кои што биле сликани, но не може да им се издадат патни исправи, и дури да се најде решение на сето тоа, секако прв приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ посебно во делот на управната функција на државата во рамки на МВР ќе биде да се најде итно решавање на овој пробелм, изјави Муцунски.

republika.mk