Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погодил источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погодил источниот дел на Турција, јавува ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Малатја, на длабочина од осум километри.

Жителите на тој дел на Турција го опишаа земјотресот како краток, но силен.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.