Земјотрес со јачина од 4,6 степени беше регистриран кусо по 16 часот по локално време во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина.
Епицентарот е на околу 80 километри од Атина, а земјотресот беше почувствуван и во повеќе делови на грчката метропола.
Засега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.
МИА