Снежен бран ја зафаќа Македонија во текот на денешниот ден

Од север и од северозапад, снежниот бран ја зафаќа Македонија!
Студен бран од северозапад пропратен со дожд и снег брзо се поместува над Србија кон Косово каде се очекуваат врнежи од дожд и снег, и снег на планините.
Се очекува првите ефекти од овој атмосферски систем да се почувствуваат над северните делови на Македонија околу полноќ и по полноќ, а во раните утрински часови да обели на повеќе места во Македонија.
Уживајте во снегот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.