(ФОТО)Спасено двомесечно кученце од страна на кочанските пожарникари

Спасители во вистинска смисла на зборот – тоа се  пожарникарите од Територијаната противпожарна единица – Кочани кои освен класичните интервенции за гасење на пожари и спасување на човечки животи, неретко интервенираат и во спасување на заглавени домашни и напуштени миленици.

Таков беше случајот и денеска кога мирното попладне на кочанските пожарникари го наруши повик на дежурниот телефонски број 193 за заглавено двомесечно куче во коритото на затворениот дел од каналот над улицата „Солунска“ во Кочани.

Дежурната смена, командирот на единицата, Драган Апостолов и пожарникарот – спасител Валериј Џидров  по добиениот повик се упатија на местото каде требаше да се интервенира. Заглавеното куче беше спасено на начин што пожарникарите мораа да спаднат во коритото и да го извадат од под затворениот дел на каналот.

 

 

glasno.mk