Северина го изгуби старателството – Хрватскиот суд му го врати синот на таткото Милан

0
278

Милан Поповиќ го доби старателството врз синот Александар откако Врховниот хрватски суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд со која беше прекршен Законот за парнична постапка, пишува Национал.

Откако Врховниот суд ја поништи пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, Милан и Северина повеќе нема да имаат „пола и пол“ старателство, како што утврди Жупанискиот суд во Сплит во август 2021 година, туку старателството ќе му се врати на таткото, а таа одлука се уште не е правосилна и стапува во сила веднаш, без оглед на евентуалната жалба на Северина.

Врховниот суд на Хрватска утврди дека судот во Сплит воопшто не ги ценел доказите на вештакот, ниту ги сфатил сериозно, туку постапил по налог на трето лице, кое очигледно барало клучните докази да бидат исклучени од случајот.