Годишна владина конференција, Груби: Само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска ја отвори Годишната владина конференција.

Груби пред присутните во својот говор рече дека во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, а само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.

Во продолжение целосниот говор:

Почитуван премиере, г. Димитар Ковачевски,

Почитувани колеги, вицепремиери, министри, заменици министри,

Почитувани пратеници, почитувани претставници на граѓанскиот сектор,

Почитувани претставници на државните институции,

Почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни, дами и господа,

Низ годините нашата земја се соочува со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија.

Ова го велам затоа што и за време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова.

Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа,  против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција.

Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас.

Најголемиот инфраструктурен проект во земјава е Коридорот 8 и 10Д, проект кој со години беше опструиран од Русија, од руски компании.

Имаме руски експоненти насекаде, да го нарушат доброто функционирање на оваа Влада и доброто пријателство со сите наши сојузници, затпа со Европскиот фронт ги здружуваме силите и го чуваме она што го создадовме со наши напори, соработуваме за да изградиме подобра иднина, подобра држава за сите нас.

Значи, нашата земја е партнер на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, така што само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.

О’Брајан на конференцијата кажа и колку се тие важни за САД и Европа, па зависи од сите нас заедно, каде и како ја сакаме нашата заедничка земја, дали сакаме европска Македонија или со руско влијание?!

Ви благодарам!

извор:Влада