Тензии во Чашка поради паралелката на албански јазик, наставата не почна

Неместо училишно ѕвонче – пендраци. Ескалираше ситуацијата во Чашка.Турканици и судир помеѓу родителите и полицијата.А власта и натаму не се откажува од вовоедување на албанска паралелка во ОУ Тодор Јанев. Родителите кои протестираа пред училиштето изутрината се судрија со полицијата. Тие обвинуваат дека засиленото полициско обезбедување било тенденциозно не за да го обезбеди протестот, туку за да се пресмета со нив. Со тоа што за еден родител обезбедување имало по двајца полициски службеници. Родителите се сомневаат дека полициските камери кои го снимале протестот, за време кога бил нападнат еден од родителите биле исклучени, објави Алфа.

Родителите не се откажуваат од барањата, оставка од директорката Елена Николова, и албанската паралелка да биде во друго училиште.

Алфа испрати прашања во МОН, за инцидентите кои се случувале изминатите два дена дали министерот ќе преземе нешто. И дали размислува да ја разреши директорката. Одговор досега не добивме.

Инаку, од МОН се децидни дека албанската паралелка мора да продолжи до крајот на годината, а потоа ќе се разгледуваат опциите за трајно решение.

Текстот во целост на: Алфа