(ВИДЕО) Пожар во Кинескиот трговски центар во Белград, го гаснат 62 пожарникари со 17 противпожарни возила, во гаснењето вклучени и хеликоптери

0
150

Во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, кој се наоѓа во блок 70 на улицата „Јуриј Гагарин“, утрово околу 7 часот избувнал голем пожар, пренесуваат српските медиуми.

Во гаснењето на пожарот вклучени се 17 противпожарни возила и 62 пожарникари, како и еден хеликоптер.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, во пожарот нема повредени лица или загинати лица.

Од видеата, кои се шират на социјалните мрежи, може да се види дека од центарот се издигнува густ чад.