(ВИДЕО) Пожар во трговски центар во Сараево

0
129

На пазарот „Хеко“ во Сараево денеска избувна пожар, кој пожарникарите на Професионалната противпожарна бригада (ПВБ) на кантонот Сараево сè уште не успеале да го изгаснат, пишува „Кликс“.

 

 

Како што изјавија за „Кликс“ од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево, веднаш по пријавувањето на пожарот, на местото на настанот се испратени две противпожарни возила.

„Пожарникарите многу бргу го локализираа пожарот, а сега се работи на целосно гаснење“, велат од Противпожарната бригада.

Од таму додаваат дека на помош пристигнало трето противпожарно возило и дека пожарот набргу целосно ќе биде изгаснат.