Песни и спомени за 43. роденден од Тоше

Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, со повеќе манифестации утре ќе потсети на роденденот на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. Да беше жив, Тоше ќе наполнеше 43 години.

– Во програмата со различни настани, ќе се обидеме да ги доловиме сите нишки од неговиот карактер и неговата душа. Денот, 25 јануари е врежан во срцата на сите нас, кои го сакаме Тоше, ја слушаме неговата безвременска музика и со насмевка, но и со тага во очите ги гледаме неговите фотографии, неговите награди, неговата облека и личните предмети кои се наоѓаат во неговиот дом – спомен куќата на Гумење во Крушево. Во 1981 година, на 25 јануари, се роди нашиот музички ангел, вели Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тодор Проески“ во Крушево.

Денот, роденденот на Тоше и сеќавањето за него и неговото дело утре почнува со хуманитарна крводаристелска акција која ќе трае до 16 часот во просториите на Спомен куќата, а во организација на Црвениот Крст од Крушево.

 

nezavisen.mk