Ѓоковиќ паузира по Австралија Опен

0
128

Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ нема да одигра ниту еден меч до 6 март, објавено е денеска на неговата официјална веб-страница.

Според информациите, Ѓоковиќ нема да игра ниту еден турнир во февруари, а на теренот ќе се врати на почетокот на март на Мастерсот во Индијан Велс.

За потсетување, Новак претходно беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен, со пораз од Јаник Синер со 3:1 во сетови.

– Едноставно не знам што не функционираше денеска, одиграв катастрофално, најлошиот Грен слем досега, не знаев како да се вратам, како да одам. Главата е жешка по поразот, ветив дека ќе играм оваа сезона, не знам дали нешто ќе се смени, се е можно. Сега навистина не знам, се трудам да бидам рационален, но тоа е невозможно – изјави Новак по поразот од Италијанците.

 

telegraf.rs