Европа на удар на моќен антициклон следната седмица, кој носи многу високи температури, најавува Славчо Попоски

0
189

Европа на удар на моќен антициклон следната седмица, кој носи многу високи температури – ќе го почувствуваме и ние, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Станува збор за антициклонот „Зевс“, чие влијание најпрво ќе биде најизразено на југозапад, а потоа ќе се прошири и низ западна, централна и северна Европа.

„Зевс“ ќе ги рашири своите пипци од срцето на Африка низ речиси цела Европа.

Иако температурните отстапувања „по висина“ во споменатите делови на Стариот континент ќе бидат доста високи, поради влијанието на овој силен антициклон, маглата и ниската облачност ќе бидат честа појава во континенталниот дел на Европа.

Краткорочно, во првата половина од следната недела треба да сметаме на продолжување на мини-пролетното време, но со неколку степени повисока максимална температура на воздухот.