Три лица се исчезнати, а едно лице е повредено откако експлозија предизвика голем пожар во станбен комплекс на Шаменкамп во Ротердам, соопштија властите.
Експлозијата се случила во автомобил во гаражата под станбениот комплекс, а потоа избувнал пожар, јавува NL Time.
Од силината на експлозијата автомобилот излетал од гаражата на улица, а најмалку едно лице е хоспитализирано, велат од итната помош.
Пожарникарите се уште се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар предизвикан од синоќешната експлозија во подземната гаража на зградата.
Портпаролот на локалната служба за итни случаи изјави дека во зградата може да има повеќе жртви бидејќи не е можно целосно да се пребара станот додека пожарот се уште гори. Тој рече и дека не се знае дали имало некој во подземната гаража или во становите над неа кога се случила експлозијата.
Според очевидци, експлозијата се слушала на километри, а искршени се десетици прозорци на куќи во близина на местото на експлозијата и пожарот.
Регионалната служба за итни случаи ги предупреди граѓаните на големото количество чад.
Три часа по инцидентот, пожарникарите се уште се мачеа да ја стават ситуацијата под контрола.
Meerdere panden in brand in #Rotterdam na explosie in een drugslab https://t.co/8cIOdD4GkF 1/2 pic.twitter.com/S92k9da1Ii
— 𝒮𝒶𝓃𝓃𝑜🌪 (@Miss_Royal73) January 29, 2024
telegraf.rs