Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 јануари) околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово. Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Related Posts
АМСМ: ообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка…
Две лица нападнале вработена во маркет
Вчеравечер во 23 часот И.С.(49) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на Центар, во маркет каде што…
Приведен прилепчанец во Битола, кај него пронајдена граната
На улицата Широк сокак во Битола, вчера, полициски службеници го привеле Р. И. (53) од Прилеп, со живеалиште во Битола,…