Клан ТВ е во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражиме дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да се наштети на телевизијата, информираа од телевизијата
Откако вчера телевизијата Клан Македонија информираше дека лидерот на Алијанса на Албанците Арбен Тараври се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во седиштето на најголемата опозициска партија во Скопје, од телевизијата денеска соопштија дека го повлекуваат соопштението со, како што наведуваат, непотврдената информација.
„Клан го повлекува вечерашното соопштение и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот којшто неавторизирано испратил маил до други медиуми со непотврдена информација. Клан ТВ е во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражиме дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да се наштети на телевизијата. Се извинуваме на засегнатите страни и на медиумите и во целост ја повлекуваме испратената непотврдена информација“,
се наведува во дописот на телевизија Клан испратен до медиумите.
360stepeni.mk