Пецаков: Преку боите на ретките, Охрид и годинава ќе испрати силна поддршка и ќе го крене гласот за поголема инклузија и достоен живот на лицата со ретки болести и нивните семејства

0
152

Преку боите на ретките, Охрид и годинава ќе испрати силна поддршка и ќе го крене гласот за поголема инклузија и достоен живот на лицата со ретки болести и нивните семејства.
Како заедница која ја негува различноста и ја поддржува борбата за човечност и солидарност, од година во година, чекор по чекор, ги подобруваме условите за лицата со ретка болест и со конкретни мерки, овозможуваме помош, онаму каде што е најпотребна.
Кампањата “Ги запознаваме ретките болести” стана препознатлив белег на месецот февруари и значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување.
Верувам дека секоја наредна кампања, преку заедничка соработка ќе можеме да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест.
#РеткитеСеМногуСилниГорди