Левица: Бесплатна исхрана за учениците во основните и средните училишта

Истражувањата покажале дека 1/4 од децата се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во ЕУ и дека некои семејства имаат потешкотии да ги нахранат своите деца. Бесплатната исхрана на учениците е широко распространета мерка која покажува бенефити пред сѐ на образовно, здравствено и економско поле, се вели во објавата на Левица на ФБ.

Во продолжение објавата ја пренесуваме во целост:

Во Индија оваа мерка се применува од 1995 година имајќи за цел да го намали гладот на децата, да го зголеми запишувањето и присуството на училиште. Се покажало дека го подобрува здравјето, образовните резултати и дури е откриено дека има меѓугенерациско влијание – со помалку пониски деца (што е вообичаен знак за неухранетост) родени од жени кои ја користеле оваа училишна програма за храна.
Во Финска, образованието отсекогаш го сметале за клуч на успехот на нацијата, а бесплатните оброци како составен дел од него (впрочем сегашната програма за училишни оброци била иницирана за време на Втората светска војна, бидејќи финската власт сакала да ја обезбеди силата на своите идни војници). Првично, училишните оброци служеле за справување со повоената сиромаштија и неухранетост. Денес, оброците и управувањето со храната се препуштени на локалните власти кои се должни да обезбедат висококвалитетна исхрана, на начин да “ниту најпребирливите родители да немаат забелешки“. Дури и за време на пандемијата (кога биле затворени училиштата), општините со организиран превоз доставувале оброк (во вид на ужинка или пакет со намирници) до учениците кои учат од далечина.
Левица се залага за квалитетна и бесплатна исхрана во сите основни и средни училишта, преку воведување на училишни мензи (без приватни концесионери).
#ВозможноЕ, но од народот зависи!

извор: Левица