Кадровската комисија на Алијанса бара разрешување на Алиу и Меџити

0
138

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, бара од техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на двајцата министри кои излегоа со поддршка на Арбен Таравари, Фатмир Меџити од здравство и Азир Алиу од информатичко општество и јавна администрација.

Во соопштението од комисијата се вели:

„Одлуката е донесена затоа што преку министерската функција, но без партиски функции, двајцата министри вршат дејствија кои се спротивни на Етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите и вработените во АА, како и денешната јавно кокетирање кон ВМРО-ДПМНЕ, со одење во канцеларијата на министерот од оваа партија“, наведуваат од Кадровската комисија.

Одлуката, како што е наведено во соопштението, ја донесоа 5 од 7 членови, колку што брои комисијата.

Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА, вели дека членовите на Владата од оваа партија ќе мора официјално да се изјаснат во ситуација кога имаат контрадикторни ставови за тоа дали припаѓаат или не во овој состав.