24info: Владата ги прифати барањата на синдикатот на ФЗО

0
159

Владата на Македонија дала препорака до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување да ја донесе одлуката за утврдување на висината на бодот според барањата на синдикатот на оваа институција, објави 24info.mk.

Ова е прв чекор кон исполнување на барањата на Синдикатот на ФЗО кој од вчера стапи во штрајк.

По доставувањето на препораката до УО на Фондот за здравствено осигурување се очекува истата да биде прифатена со што и официјално ќе се прифатат барањата на Синдикатот по што би прекинал и штрајкот на вработените.

извор:24info.mk