Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ соопшти дека пред два дена, со огнено оружје среде урбана средина во Прилеп, биле застрелани и убиени 6 кучиња.
Според Здружението, засега непознато лице им пресудило на животните, при што, плански со оружје се шетал за да убива. Тврдат дека „со крв е обележана траекторијата на прилепските улици, по кои биле носени телата на кучињата“.
Од „Анима мунди“ бараат да се спроведе истрага од страна на надлежните институции и да се открие лицето.