Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски се креаторите на хаосот со роковите на важење на личните карти и возачките дозволи со тоа што свесно ги довеле граѓаните во трошок и им нанеле материјална штета.
Имено, иако Спасовски и Ковачевски знаеле дека од февруари 2024 години личните карти и возачките дозволи нема да важат, само заради договорот кој тие го потпишаа решиле да ги издаваат документите, истакна на денешната прес конференција Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:
И Спасовски и Ковачевски до пред месец дена лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за вчера да мораме да одржиме итна седница во Собранието за да го спречиме хаосот кои тие го создадоа со донесување на законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи.
Двоецот на СДС – Спасовски и Ковачевски нанесоа материјална штета на десетици илјади граѓани. СДС знаеле дека личните документи нема да важат и свесно молчеле за да не бидат предмет на критика од народот.
Го повикуваме ЈО да постапува согласно закон и да поведе постапка, но и Народниот правобранител да ги заштити граѓаните кои ги извадиле соодветните документи.
Очекуваме од ЈО и Народниот правобранител да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која ја довела целата нација во заблуда и материјален трошок.
Почитувани,
Загрозени се основните човекови права, и само заради власта во заминување на СДС и ДУИ голем број на граѓани не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија, а да не беа законските измени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе беше блокиран и внатрешниот сообраќај.
Спасовски и Ковачевски мора да се соочат со одговорност. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.
извор: ВМРО ДПМНЕ