Доцнат платите за вработените во ЈСП, Скопје повторно без градски превоз

Неполн месец откако главниот град минатиот месец беше отсечен од јавниот градски превоз на еден ден, на повидок е нов прекин на сообраќајот на автобусите на ЈСП во Скопје.

Претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Миќо Стојановски, денеска објави дека автобусите на ЈСП утре нема да возат зашто вработените сè уште не ги добиле јануарските плати.

„Еве, денеска е 15-ти, последниот законски ден за исплата на плата. Чекавме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, но тоа не се случи. Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот. Советот на Град Скопје ја заврши својата работа, ја донесе одлуката (за субвенции на ЈСП н.з.). Остана сега уште парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок“, рече Стојановски на прес-конференција.

 

alsat.mk