Грк од Трикала по расправија со таткото го убил и исекол на парчиња

Грк(46) од Трикала не само што го убил татко си по расправија во куќата, туку и со пила му ги отсекол главата и рацете!

Грозоморното злосторство го потресе целиот град, а убиецот потоа самиот повикал полиција, пренесува република.рс.

Полицијата соопшти дека убиството се случило околу 02:30 часот и дека синот при апсењето не пружил никаков отпор.
Соседите и познаниците на семејството велат дека таткото и синот речиси редовно имале вербални конфликти. Состојбата, тврдат, дополнително се влошила по смртта на сопругата на убиениот, односно мајката на осомничениот за убиството.
Според некои информации, осомничениот за убиството имал психички проблеми. Соседите велат дека тој секогаш бил повлечен.

republika.rs