Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.–Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.
Related Posts
Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународни односи во Скопје ќе се сретне со г.г. Стефан
Рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, утре ќе…
Влада: Изминатото деноноќие произведени 13.056 MWh електрична енергија
АД ЕСМ на 27.11.2022 година произведе 13.056 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.377 MWh, а во хидроелектраните и…
Пронајдено тело на жена во селото Вруток, извршен увид
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера…