„Од мое име и од име на клубот за планински спортови Азот, на нашиот член Мира Симоновски 74 години од Делчево и посакуваме мирен лет и лесни нозе, како и успешна експедиција. Најмногу од сѐ и посакуваме добро здравје и да ја надмине висината од 5137метри на врвот Арарат која ја достигна во 2020 година во организација на клубот“, истакнаа од Клубот за планинарски спортови.
Во 2020 година на 70 години Симоновски стана највозрасна жена македонски искачувач на Арарат. Таа пред 4 години за време на нејзиното прво искачување на врвот Арарат, рече дека покрај желба за да се искачи таков висок врв, потребна е и добра физичка подготвеност.
„За да се поместат границите треба да го сакаш да го направиш тоа што си го намислил. Се разбира претходно треба да имаш добра кондиција за движење по секакви временски неприлики“, истакна тогаш Симоновски која досега без проблеми во два наврати го искачила врвот Триглав.
За овој нејзин подвиг Симоновска неодамна доби финаниска поддршка од Советот на Општина Делчево кои го поздравија нејзиниот подвиг.
Фото: КПС АЗОТ