Нужни се темелни промени, новата власт мора да биде реформски настроена!
ℹ️ Кога претседател кој мора да ги штити државните интереси прво вели дека не ја видел преговарачката рамка, а во меѓувреме обзнанува дека учествувал во нејзината изработка имаме проблем со отсуство на одговорност. Шефот на државата, пред сè друго, мора да ги брани националните приоритети и да не заборава дека суверенитетот извира од граѓаните, напиша на својот ФБ профил Гордана Силјаноска Давкова.
Во продолжение на објавата Силјаноска Давкова додава:
➡️ Не смее да се заборави дека легитимитетот на шефот на државата извира директно од граѓанинот како носител на суверенитетот. Кога се избира претседател има шанса личноста на претседателот да обедини и други луѓе кои нема да гласаат за партијата од идеолошки или од други причини.
✅ Секој што претендира на претседателска позиција мора да има на ум дека треба да обединува, а не да разединува.
извор: ФБ Гордана Силјановска Давкова