Претседателот Стево Пендаровски во своја објава на Фејсбук соопшти дека во рекордно време, за неполни пет часа собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на неговата кандидатурата за втор мандат. Тој воедно изрази благодарност до сите граѓани кои ја искажале нивната поддршка.
„Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови“, вели Пендаровски во објавата.