Митева: Непријател на Албанците не е ВМРО-ДПМНЕ, туку ДУИ која се крие зад етничката припадност во нејзиното делување, а маката на сите граѓани е иста и нема подобар живот

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во нејзиното гостување во емисијата „Првиот час“ која се емитува на Клан Македонија зборувајќи за реториката на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ кога ја напаѓа ДУИ ги напаѓа Албанците истакна дека тоа е апсолутно не држи вода бидејќи доволно е да се сврти обратно тезата и излегува дека кога ДУИ ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во македонскиот блок е против Македонците.

„Само доколку обратно ја свртиме тезата. Доколку ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека поради тоа што ДУИ ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ која што практично е најголема политичка партија во македонскиот блок, дали тогаш ДУИ се против Македонците. Мислам дека само доколку се обидеме да направиме паралела на тезите ќе видиме дека станува збор за една теза за која тие сметаат дека нив ќе им донесе нешто добро кај Албанскиот електорат“, истакна Митева.

Таа исто така додаде дека најголем непријател на Албанците е токму ДУИ, која се крие зад етничката определба во нејзиното постапување, а сите граѓани тонат исто во сиромаштија.

„Јас, напротив сметам дека ВМРО-ДПМНЕ многу јасно покажала дека нашето мислење е дека најголем непријател на Албанците е токму ДУИ, затоа што тие се кријат зад таа една етничка определба во рамки на своето постапување, а иста е маката и на Македонецот и на Албанецот којшто живее во Македонија и којшто нема подобар живот“, потенцираше Митева и додаде:

„Ако ги видиме статистиките имаме 600 илјади граѓани коишто живеат со 150 денари на ден, а меѓу нив сум сигурна дека има и Албанци и Турци и Власи и Бошњаци и сите останати. Не би сакала да навлегувам во една ваква реторика затоа што ВМРО-ДПМНЕ ниту размислува ниту делува на тој принцип“.

извор: ВМРО ДПМНЕ