Др Софка Маленко: За дијагноза на Короната Ртг снимка е неопходна за точно потврдување на болеста, во Охрид дневно се снимаат по 70-80 пациенти

Медицинските лица веќе една година работат со золем обем на ангажмани, дежурства, константен стрес во борбата против коронавирусот. Лекарите, медицинските сетри и целокупниот медицински персонал не се штедат, напротив секогаш се достапни да се помогне и да се спаси живот. Кога се зборува за ангажираност и стручност за пофалба е тимот на одделот за радиодијагностика од општата болница Охрид.
За тоа како се екипирани, како се пристапува, но и за зголемениот обем на работа отворено за NEWS 1 раскажува Примариус др. спец. по радиодијагностика Софка Маленко, раководител на одделот.

NEWS 1: Докторке, се чини дека после една година, како да се навикнавме на ова ново секојдневие. Но, верувам не беше лесно да се турне цела година со до олку зголемен обем на работа. Како сте екипирани, се издржува ли?

Примариус Др Софка Маленко: Одделот за Радиологија во Општата Болница Охрид работи долги години, од самото нејзино формиранје со една единствена цел:
Точна и благовремена дијагностика на болестта, а со тоа и соодветна и благовремена терапија.
Со напредокот на медицината и техниката се добиваат пософистицирани апарати за РТГ дигностика Ехо, маммограф, Компјутерска томографија, магнет.
Нашата служба ја вршхи својата дејност во текот на 24ч , во работни денови во две смени прва и втора смена од 08ч до 20ч. Во ноќните часови работи со повик, приправност. Во викендите почхувајки од 20ч во петок до понеделник до 08ч со дежурство, целовремено присуство на др Радиолог и радиолошки технолог.
Вие сите знаете дека повеќе години службата работеше успесшно со само еден Радиолог, поточхно, само јас бев единствен Радиолог. И тогаш 24ч секој ден и празник и делник се работесше и снимаше.
Во последниве години се вработија др Радиолози и сега во моментов сме 4 Радиолози и еден при крај на специјализација. Исто така бројот на радиолошки технолози се зголеми. Со тоа ни се олесни екипирањето во работата, посебно во последнава Ковид година, Ковид услови.
Од самиот почеток сериозноста и ризичноста на новата и непозната болест налагаше да се екипраме во 4 тима- по еден др Радиолог и двајца радиолошки технолози. Работевме по 24ч дежурство се со цел да се избегне можноста истовремено да се инфицира персоналот. Ако еден тим се зарази останатите да можат да пружаат услуга на пациентите.
Бројот на пациенти постојано се зголемуваше. Работата се отежнуваше дополнително со опремата за заштита-24ч облечени во скафандери, со маски и визири. Сето тоа беше посебно тешко во летните месеци на високи температури. Се издржа и уште се издржува, иако многу тешко.

NEWS 1: Одделот за рентгенологија на некој начин е регионален. Кој регион го опфаќа?

Примариус Др Софка Маленко: Општа Болница Охрид е регионален центар. Сите години кај нас се снимаат пациенти од целиот регион од Дебар до Битола. Преку цела година има дополнително жители по разни основи.Секако нетреба да заборавиме дека цела година неработат апаратите за компјутерска томографија во околните центри. Поради тоа сите пациенти се насочуваат и доаѓаат на снимање на нашиот компјутер.

NEWS 1: Верувам имате прецизна статистика, колку пациенти ве посетуваат дневно, има ли одделението капацитет и дали се сите услужени?

Примариус Др Софка Маленко:  Со Ковид пандемијата бројот на пациенти и бројот на снимања драстично се зголеми. Во екот на пандемијата во денот се снимаа 40-50 РТГ, 25-30 компјутери,10до15еха,5и повеќе мамографии. Тоа се во просек 70-80 пациенти, а понекогаш и повеќе.
Се гордеам со секој член од моите тимови, зошто секој си ја врши својата дејност најпрофесионално. Секој пациент бил услужен.

NEWS 1:  Почитуваат ли пациентите протоколи, ја сфатија ли сериозноста на короната, бараат ли совети?

Примариус Др Софка Маленко: Секако понекогаш имало понекоја непријатност кога треба да почека пациентот или да дојде во наредните денови. Секогаш мора да се почитува пред се медицинска индикација, предност, мора да се почитуваат протоколите за заштита. Иако сме по природа луѓе нестпливи сепак за заштита на сите нас мора да постои одреден ред во снимањето.

NEWS 1:  Дневно гледате многу снимки. Што е короната, што оваа болест прави на оганизмот? И покрај што години сте стручна во оваа дијагностика, ново ли беше и за вас кога видовте прв пат пациент со трајно оштетување на белите дробови поради КОВИД 19?

Примариус Др Софка Маленко: Короната е нова , непозната и многу сериозна болест. Ги напаѓа сите возрасти, мажи ,жени. Ги напаѓа белите дробови , но и останатите органи.Точно и покрај долгогодишното искуство како Радиолог, првите снимања на пациенти со Корона беа застрашувачки. Едноставно белите дробови беа збришани како да не постојат.
Постојано нашиот Министер Др Венко Филипче апелира на сериозноста на Короната. На пристапот на секој од нас и како здраствени работници и како пациенти. Мораме да се придржуваме на соодветни протоколи во целокупното живеење, со цел да се заштитиме себеси и сите околу нас.

Во текот на сите овие месеци постојано се одржуваат стручни состаноци со директорот Др Горан Балевски и раководителите на службите, со единствена цел : поефикасно и поуспешно справување како со Короната, така и со другите болести, кои не се запоставија во ниеден момент, како во Нашата служба Радиологија така и во целата Општа Болница Охрид. Истата сите овие месеци работи како Ковид Болница.

NEWS 1: Колку често се прави рентген со оглед на тоа што има многу тестирања. Кога е индицирано да се направи рентген?

Примариус Др Софка Маленко: Во дијагноза на Короната Ртг снимка е неопходна за благовремено, точно и прецизно потврдување на постоењето на болеста. Со тоа се овозмозува да се даде навремена и соодветна терапија и да се спаси живот.
Нашата дејност како Радиологија служба е токму тоа:
Да се постави точна, прецизна и навремена дијагноза! Да се помогне, да се спаси живот!
Драги пациенти Ние Службата за Радиологија Општа Болница Охрид, работиме и Ви стоиме на услуга 24ч!
Ве молиме почитувајте ги протоколите!
Почитувајте се и заштите се и себеси и нас!
Ние постоиме за Вас пациентите!
И само заедно со почит едни кон други можеме да ја победиме секоја болест!