За време на викендот краткотрајно стабилизирање на времето и потопло

Викендот кој доаѓа уште одсега можете да си го планирате. Не очекува претежно стабилен, сув и топол викенд, односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе започне да засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, наутро ќе биде малку посвежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу нула степени, понекаде, особено на повисоките населени места, како и на планините  и за некој степен под нулата, пишува во новата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.