Австралиско-американскиот медиумски тајкун Руперт Мердок повторно се сврши. Имено, овојпат негова избраничка е Елена Жукова, Русинка, пензиониран молекуларен биолог.
Според очекувањата, милијардерот и неговата 26 години помлада невеста би требало да се венчаат оваа година на неговиот имот во Морага Вајнјардс, Калифорнија, САД. За него, ова би било петти брак, иако зад себе има шест веридби. Идните „младенци“, како што велат, се запознале на забава на една од поранешни сопруги на Мердок – кинеско-американската претприемачка Венди Денг. Гласините дека магнатот е во врска со Жукова се распространија набргу откако тој ја раскинал својата последна наводна свршувачка со поранешната вероучителка Ен Лесли Смит во април 2023 година.
На 11 март, Мердок полни 93 години.
Mms.mk