Овој викенд иако релативно стабилен и сув, сепак локално и особено во западните предели ќе има послаби врнежи од дожд и снег на повисоките планини, особено денес. Утре ќе биде потопло со максимални дневни температури кој речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 20 степени.
Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.
Утре, а особено во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.
И во Скопје очекуваме слично време, во понеделник и во вторник со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.