Свештеник изгради социјална болница во Молдавија

Болница за сиромашни мајки и деца од Молдавија беше отворена на Денот на жената во Јаши. Клиниката „Вероника“ е направена исклучиво од донации и спонзорства и чини над 4,5 милиони евра.
Меѓу илјадниците мајки, на кои свештеникот Ден Дамашин им помагал во текот на годините, Вероника Попа најмногу го импресионирала.
Вероника, мајка на пет деца, починала пред три години, на 26 февруари 2021 година, поради рак, бидејќи не можела да се лекува во државните болници во Романија.
Вероника беше сиромашна жена која цел живот го живееше без лични документи. Кога и се слошило и свештеникот ја однел во болница, ѝ кажале дека умира, но дека не може да се лекува од рак.
Немал здравствено осигурување. До моментот кога свештеникот можеше да ги среди документите за да може да се лекува, Вероника ја немаше.
slobodnaevropa.mk