Метео Аларм, предупредување поради можност од невреме во Македонија

Денес и утре, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.

Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.

И во Скопје очекуваме слично време, денес и утре со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, особено во текот на денешниот ден.

Да напоменеме дека повремено на високите планини ќе има провејување на снег, пишува во најновата метео објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.