Шок во Индијан Велс – Ѓоковиќ загуби од 123. играч во светот!

Каков шок! Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Индијан Велс, откако во три сета беше поразен од „лесниот губитник“ Лука Нарди со 6:4, 3:6, 6:3.

Италијанецот, инаку 123. играч во светот, го одигра натпреварот на кариерата, откако сосема случајно стигна до главниот ждреб. Освен тој дел во вториот сет, слободно можеме да кажеме дека Нарди беше тој што го диктираше темпото.

Интересно, ова е првпат Новак да загуби од „лесен губитник“ во кариерата, додека Нарди е и најслабо рангираниот играч кој го победи Ѓоковиќ на АТП 1000.

Натпреварот траеше речиси два и пол часа, беше прв меѓу овие двајца играчи, а во следното коло Нарди ќе игра против Американецот Томи Пол, кој можеби предизвика мало изненадување.

 

telegraf.rs