Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната

Собранието на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи.Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.